Хрватите го убедуваат Ловрен да не се враќа во Зенит

Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) го убедува Дејан Ловрен да не се враќа во рускиот тим Зенит. Дефанзивецот планираше по репрезентативните обврски да се врати во Санкт Петербург, меѓутоа има силен притисок од ХНС.

Организацијата смета дека фудбалерот не треба да се враќа во Русија, по инвазијата врз Украина и дека треба да го раскине договорот.

Во Зенит не може да сторат ништо, затоа што ФИФА донесе одлука секој странец кој сака да си оди од Русија може да го стори веднаш, и веднаш да најде нов клуб.

Ловрен е во Зенит веќе втора сезона, откако дојде од Ливерпул. Веќе неколку играчи ја напуштија Русија, но голем дел од странците се решија да останат во земјата и да играат таму, иако руските клубови во моментов се под санкции и не можат да играат европски натпревари. Таква беше ситуацијата со Спартак кој беше исфрлен од Лигата на Европа.

Се вчитува...