Хрватска инвазија на Виена – почнува битката за полуфинале

Со денешниот дуел меѓу Шпанија и Чешка во „Штадхале“ во Виена ќе биде означен стартот на главната фаза од ЕП 2020. Нема дилеми дека „црвената фурија“ е фаворит, особено ако се земе во предвид одличното издание и победата од 33-26 во пресметката со Германија, ривал што квалитатитно е далеку над чешкиот состав.

Најинтересна се очекува да биде пресметката меѓу домаќинот Австрија и селекцијата на Хрватска, која моментно е лидер во новоформираната група. „Коцкестите“ имаа фанатична поддршка во Грац, исто ќе биде и во Виена, со оглед на најавеното присуство на 5.000 Хрвати во „Штадхале“. Овој меч ќе претставува и дуел на двата врвни бекови на Кил, Никола Билик и Домагој Дувњак.

„Дувњак е извонреден човек, еден од најдобрите што ги познавав. Освен тоа, тој е еден од најдобрите ракометари во светот. Едвај чекам да излезам на терен против него“, истакна Билик.

Во третиот натпревар од групата 1 Германија ќе се сретне со Белорусија, две селекции кои без бодови влегуваат во втората рунда и не смеат да си дозволат пораз доколку сакаат да си ги задржат шансите за полуфинале.

ГРУПА 1: Шпанија – Чешка (16 часот), Хрватска – Австрија (18.15 часот), Белорусија – Германија (20.30 часот)

ГРУПА 2 (утре): Словенија – Исланд (16 часот), Норвешка – Унгарија (18.15 часот), Португалија – Шведска (20.30 часот).

Се вчитува...