Хрватска се избламира, Пјаца пак се повреди

Хрватска во својот најслаб натпревар во последните неколку години се избламира на гостувањето против Естонија, губејќи во Рига со преубедливи 3-0. Анте Чачиќ реши воопшто за овој меч да не смета на Ракитиќ, Модриќ, Суботиќ и Манџукиќ, но во секој случај многу повеќе се очекуваше од составот во кој се најдоа Перишиќ, Ковачиќ, Пјаца…

Дебаклот беше најавен по неполна минута, откако Сим Лутс влезе во шеснаесетникот и низ нозете на голманот Калиниќ ја затресе мрежата на Хрватска. „Коцкестите“ продолжија со очајна игра, а уште поголем проблем е повредата на Марко Пјаца, која на прв поглед делува многу сериозно и сигурно ќе го оддалечи голгетерот на Јувентус од терените во следниот период.

Мизеријата беше комплетирана во последните десет минути од мечот, откако најпрвин Васиљев, а потоа и Зењов, ја затресоа мрежата на фаворитот, оставајќи ги Хрватите во немоќ да чекаат што поскоро да заврши овој натпревар.

Estonia 3-0 Croatia – All Goals & Highlights… by jason-pitt1

Се вчитува...