Хрватска се избламира со БиХ, Словенците ја растурија Црна Гора

Лино Червар и хрватските ракометари најавуваат атак на медал на ЕП 2020, но моментната форма дефинитивно е загрижувачка за поранешниот македонски селектор. „Коцкестите“ денеска одиграа контролен натпревар против селекцијата на БиХ, по голема битка ремизирајќи 33-33. Буриќ беше стрелец на израмнувачкиот погодок за БиХ во самиот финиш на мечот, во кој најефикасни беа Игор Карачиќ за Хрватска и Марко Паниќ за БиХ со по десет постигнати гола.

Словенија по лесната победа над Македонија вечерва делуваше уште поимпресивно, демолирајќи ја селекцијата на Црна Гора со убедливи 37-22. Црногорците утре ги очекува уште еден меч, овојпат против нашиот национален тим, за кој ова ќе биде „генералка“ пред почетокот на ЕП 2020.

Германија лесно триумфираше над Исланд со 33-25, меч на кој поради полесна повреда за Исланѓаните не настапи нивниот најдобар ракометар, Арон Палмарсон.

Се вчитува...