Хрватска се потеше за победа, Холандија и Белгија според планот

Хрватска со многу мака успеа да стигне до три бода на стартот од овој квалификациски циклус, славејќи со 2-1 на домашен терен против Азербејџан. Гостите неочекувано први поведоа со голот на Шејдаев, „коцкестите“ се мачеа да стигнат до израмнување, за пред самиот крај на полувремето да постигнат погодок преку Баришиќ. Хрватите одиграа неубедливо и во второто полувреме, но сепак успеаја да стигнат до победата благодарение на прекрасниот погодок на Крамариќ.

Холандија ја оправда фаворитската улога против Белорусија славејќи со 4-0. Работата на „лалињата“ беше значително олесната со голот на Депај, а потоа во листата на стрелците се запишаа и Вајналдум, уште еднаш Депај (од пенал) и Ван Дајк.

Белгија во најинтересниот вечерашен натпревар ја доби Русија со 3-1, меч на кој Азар постигна два гола, на тој начин „покривајќи“ го Куртоа по катастрофалната грешка што белгискиот голман ја направи при израмнувачкиот погодок на Черишев.

 

Се вчитува...