Хрватска шокирана од обвинението за Модриќ и за Ловрен кои се соочени со казни затвор од шест месеци до пет години

Хрватската спортска јавност се уште е шокирана од обвиненијата за фудбалските репрезентативци Лука Модриќ и Дејан Ловрен кои ќе мора да одговораат пред судот во Осијек за својата инволвираност во судските процеси кои се водеа против Здравко и Зоран Мамиќ.

Модриќ и Ловрен се обвинети за давање лажни искази пред судот во обид за заштита на Здравко Мамиќ, кој се уште се наоѓа во БиХ каде ја избегнува затворската казна во Хрватска.

За време на истрагата, Модриќ и Ловрен најпрво ги потврдиле наводите на истражителите дека членовите на кланот Мамиќ нелегално повлекувале пари од сметката на Динамо. Но, изненадувачки го променија својот став за време на судењето. Модриќ тврдел дека не ги разбрал добро прашањата на истражителите, додека Ловрен го објаснил поинаквиот став со приватни проблеми, односно операцијата на ќерката која била изведена истиот ден кога бил одведен во станица за да го каже својот став за обвинението.

Фудбалските ѕвезди сега ќе одговараат дека намерно ги промениле исказите за да ги заштитат обвинетите. За вакво обвинение затворската казна е во висина од шест месеци до пет години.

Се вчитува...