Хрватска со „минималец“ се избори за ЕП, на ЕВРО 2024 ќе игра и Холандија (ВИДЕО)

Во миговите кога Велс имаше предност во дуелот со Турција на домашен терен, Хрватите никако не успеваа да го „скршат“ бедемот на Ерменија на „Максимир“ во Загреб. Во тие мигови Велс беше учесник на Европското првенство, а Хрватите елиминирани.

Меѓутоа во 43. минута згаснаа надежите на Велс, откако Хрватска со голот на Анте Будимир успеа да дојде до предност, и така да дојде до чекор до Европското првенство.

Велс имаше предност со голот на Вилијамс во 7. минута од средбата. Меѓутоа надежите на Велс ги урна и самата Турција, која преку Јазичи во 70. минута успеа да донесе израмнување.

На Европско првенство патува и селекцијата на Холандија, која не дозволи изненадување и со убедливи 0-6 го совлада Гибралтар. Стрелци на головите беа Стенгс три гола, Вифер, Копмајнерс и Гакпо. Грција нема да игра на ЕП, барем не преку квалификациите, со оглед дека требаше Холандија да загуби, а тие да ја победат Франција. Но, тие одиграа само 2-2 против светскиот вицепрвак.

Во натпревар без значење, Косово дома загуби од Белорусија со 0-1, додека Романија се избори за првото место во групата победувајќи ја Швајцарија со 1-0 како домаќин. Израел ја совлада Андора со 0-2.

Се вчитува...