Хрватска за осум минути ги продаде билетите за мечот со Турција

Хрватската репрезентација ја пречекува Турција на 12. октомври во Осијек. Слободната продажба на билетите заврши за само осум минути, односно почна во 15:28 часот, а заврши во 15:36 часот, со што нема повеќе билети за овој меч.

„Опус“ Арената собира 13.000 гледачи, а во продажба беа пуштени билети за сите четири трибини. 5% е резервиран за навивачите на Турција.

„Колку не’ радува таквиот интерес на навивачите, и капацитетот на Арената во Осијек ќе биде премала да ги прими сите кои сакаат да ја гледаат Хрватска“, велат од ХНС.

Хрватска и Турција го делат првото место во групата со 10 освоени бодови. Турција доаѓа со нов селектор во името на Винченцо Монтела, кој го замени Штефан Кунц.

Се вчитува...