Хрватски тренер „урла“ на млади кошаркари, психички ги малтретира – родителите згрозени… (ВИДЕО)

Родители и комплетната хрватска спортска јавност се згрозени од однесувањето на поранешниот селектор на кадетската кошаркарска репрезентација на Хрватска, Миле Каракаш, со која стигна до европската шампионска титула.

Каракаш последниот период веќе сериозно во јавноста се истакнува како тренер кој психолошки малтретира млади кошаркари како тренер на младинската екипа на Сплит која се натпреварува во Втората хрватска лига. Сериозни наводи постојат дека децата се буквално „вербално злоставувани“ за време на тренинзите, далеку од очите на јавноста, за да сега се појави и видео материјал како буквално „урла во лице“ на младите кошаркари употребувајќи серија погрдни зборови.

Токму по тој видео материјал од првенствен натпревар се јавил и родител до редакцијата на Индекс која ја пренесува неговата реакција.

„Родител сум на кошаркар на Сплит кој е малолетен и кој доживува вистинско малтретирање. Тој и неговите соиграчи се изложени на секојдневна тортура од човекот кој си ја гради својата тренерска кариера на грб на нашите деца оставајќи емоцинионален пустош во нивните млади животи. Откако ќе го видете ова видео ќе видете за што се работи. Ако ова им го прави на сред натпревар во јавност, може да замислите како е на тренинзите. Реагиравме и до челниците на клубот од кои еден од високопозиционирана личност во политиката, но и тие го штитат тренерот кој зема дополнителна сила“ – вели родителот притоа дополнувајќи:

„Мојот син е само дете кое ја сака кошарката. Воопшто не ни кажуваше досега за овие проблеми, но последниот период видовме дека има голем број на тикови што не исплаши. Потоа дознавме што се случувало на тренинзите. Зарем смее да се гази по децата поради својот личен успех? Зарем вака треба да се однесуваме во спортот? Секако не… Но, ова е одлика на пропаднат второлигашки половен играч кој не успеал во играчката кариера па сега се изживува врз децата како тренер и на тој начин ги лечи своите комплекси и фрустрации. Зарем никој од КК Сплит не сака да реагира? Зарем ќе ги затвораме очите пред ова? Зарем градот Сплит не сака да се запраша какви монструми плаќа со своите пари? Зарем никого и од Кошаркарскиот сојуз не го интересира ова?“.

ВИДЕО материјалот од односот на тренерот на КК Сплит може да го погледнете на следниот ЛИНК.

Се вчитува...