„Хрватскиот Меси“ кој беше купен од Барселона сега не го сака ниту Ријека

Хрватскиот фудбалер Ален Халиловиќ и натаму продолжува да „лута“ во потрага по клубови, откако денеска и тимот на Ријека му го раскина договорот. Халиловиќ важеше за еден од најголемите надежи на Хрватска, а како „бомба“ низ хрватските медиуми одекна неговиот трансфер во Барселона на 16-годишна возраст во 2012 година. Сега на 27 години тој е слободен агент, и во потрага по нов клуб.

Халиловиќ дојде во Ријека во обид да ја оживее својата кариера, но не само што не успеа, туку и подлабоко „потона“ откако повторно си дозволи да остане без ангажман. По доаѓањето во Ријека, го доби и бројот 10, се обидоа да го оживеат, но „хрватскиот Меси“ ниту таму не се снајде.

Освен за Барселона, Халиловиќ играше и за Спортинг Хихон, Хамбургер, Лас Палмас, Милан, Стандард Лиеж, Херенвен, Бирмингем, Ридинг, и потоа стигна во Ријека.

Некогаш вредниот 10 милиони Хрват, сега вреди едвај 350 илјади евра.

Се вчитува...