Хуеска до нова победа, Ѓуроски пак „двоцифрен“

Стојан Ѓуроски продолжува со одличните игри во дресот на Хуеска, каде македонскиот репрезентативец се пресели летово и веднаш е наметна како еден од лидерите на овој шпански второлигаш.

Хуеска синоќа за противник го имаше тимот на Касерес, кого Ѓуроски и соиграчите рутински го совладаа со убедливи 86-59, за четврта победа во петтото коло сезонава.

Македонскиот интернационалец повторно беше еден од најдобрите во таборот на Хуеска, реализирајќи 13 поени надополнети со четири скока, две асистенции и една блокада.

Се вчитува...