Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис де ла Фуенте, го објави конечниот список од 26 фудбалери за претстојното Светско првенство, а најголемото изненадување е отсуството на дефанзивецот Дин Хујсен.
Со оваа одлука, Реал Мадрид остана без ниту еден свој претставник во националниот тим за Мундијалот. Хујсен, кој беше дел од шампионскиот тим на Европското првенство во 2024 година, тешко ја прими веста дека нема да патува за Америка.
д
Младиот стопер веднаш реагираше на социјалните мрежи, објавувајќи провокативна фотографија на својот Инстаграм профил како директен одговор на одлуката на селекторот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
