Хулен Лопетеги кандидат за селектор на Белгија

Белгија во Македонија на квалификациите за пласман на СП 2026 година доаѓа со нов селектор, откако Џакомо Тедеско доби отказ од клупата на Белгијците поради неуспесите во последно време.

Шпекулациите велеа дека селектор на Белгија би можел да стане Тиери Анри, како и некогашниот холандски фудбалер Марк ван Бомел, а сега се појавува ново име на „хоризонтот“.

Станува збор за Хулен Лопетеги, кој би можел да стане предводник на белгискиот национален тим. Лопетеги е без работа откако доби отказ од Вест Хем пред неколку дена, поради слабите резултати. Лопетеги веќе има искуство со водење на репрезентација. Во минатото беше селектор на Шпанија, но во миговите кога требаше да оди на Мундијалот во Русија, тој се реши да ја „откачи“ селекцијата, поради понудата од Реал Мадрид.

Се вчитува...