Хулигани на меч од третата хрватска лига повредија младо момче, собирач на топки

Страотни сцени ни доаѓаат од третиот по ранг шампионат во Хрватска. Фудбалерите на Белишче вчера му гостуваа на Дуго Село, а навивачите на домашниот тим со ракета погодфиле во глава момче кое собирало топки до трибината, а за нивниот страшен чин објави самиот клуб.

За среќа на сите младото момче не поминало со посериозна повреда, но многу било блиску да се случи голема трагедија.

„За жал, денешниот натпревар стана сцена на опасност поради несовесното користење на пиротехнички средства од страна на некои навивачи. Сакаме да го изразиме нашето длабоко жалење за повредите што произлегоа од овој инцидент. Посебно нè погодува видливата вознемиреност и страв кај малиот собирач на топки, Ударот на ракетата во главата го остави видно исплашен и со солзи во очите, а за среќа немаше некои сериозни повреди. Искрена поддршка упатуваме и до нашиот повреден навивач, кој се здоби со тешка повреда на раката. Апелираме до сите навивачи да размислат за последиците од своите постапки и да се однесуваат одговорно на спортските настани. Пиротехниката не е игра, туку сериозна закана за безбедноста на сите присутни“, соопштуваат од клубот.

Се вчитува...