Во самиот финиш од квалификацискиот натпревар во Конференциската лига меѓу Феенорд и Хамарби, маскирани напаѓачи се приближија до делот од трибината со претставниците на гостите и тргнаа во напад.
Во таа прилика најтешко настрада човек кој се испостави дека е претставник на компанијата спонзор на шведскиот клуб, по што заврши во болница.
Тој не е единствениот кој се здоби со повреди и расекотини во налетот на хулиганите на Твенте – повредени се и неколку лица, за среќа помалку.
До доаѓањето на полицијата во тој дел од стадионот, гостите, меѓу кои имало и спонзори и пријатели на клубот со нивните семејства, биле под удари на налудничави хулигани, а се било снимено од камерите на стадионот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА