Хулкенберг задоволен од новиот болид на Рено

Тежината на болидот, рамнотежата на патеката како и ладењето беа главните параметри по кои механичарите на Рено се водеа за подготвување на новиот болид со кој ќе возат Нико Хулкенберг и Џулијан Палмер.  Од крајот на минатата сезона, Рено започна од нула да го прави новиот болид, а финалната цел е во наредните три сезони да го достигне квалитетот на Мерцедес.

Нико Хулкенберг, кој од Форс Индија пристигна во Рено, го возеше новиот болид на патеката Каталуња и засега е задоволен од перформансите.

„Третиот и деветтиот свиок можев да ги поминам со полн гас. Тоа минатата сезона можеа да го прават само Мерцедес и Ред Бул. ДРС системот е поизразен од минатата сезона. Поради тоа мислам дека во Монте Карло претекнувањето ќе биде речиси невозможно. Со овие широки болиди најважно ќе биде возењето по средината на патеката“ – се впечатоците на Германецот откако првпат седна во болидот на Рено.

Се вчитува...