Хуманитарна акција на РК Пелистер и Чкембари: Помош од срце за баба Љуба

Ракометниот клуб Пелистер, заедно со навивачката група Чкембари, денес имаа донација на дрва за огрев како и прехранбени продукти на нивната сограѓанка, 62-годишната Љуба Поповска. Ова е голем хуманитарен потег за помош на лице кое се наоѓа во лоша финансиска состојба.

„Баба Љуба имаше потреба од огревно дрво за да ја презими зимата и во таа насока се одлучивме да донираме неколку кубици дрва за да има барем основни услови за живот“ – рече Сашо Шамбевски , извршниот директор на РК Пелистер .

Се огласија и Чкембарите.

„Прва заедничка акција на навивачите и ракометниот клуб Пелистер, гледавме да излеземе колку што можевме во пресрет на Љуба, затоа помогнавме со прехранбени продукти“ – рече Коки, од навивачката група Чкембари .

Се вчитува...