Хуманоста на дело: Гостивар и Кожув во ревијален меч за загрозените семејства

Стартот на новата кошаркарска сезона е одложен за една седмица, но екипите на Гостивар и на Кожув ќе излезат на мегдан во салата „Младост“, и тоа во меч од хуманитарен карактер. Влезниците за овој меч чинат по 50 денари, а управатња на гостиварци реши сите приходи да ги донира на загрозените семејства од овој град.

„Ни гостува силна екипа која претендира пласман во горниот дел од табелата, со самото тоа не очекува атрактивен натпревар за следење. Сите собрани средства од купените влезници за натпреварот, ќе ги донираме на нашите сограѓани на кои им се најмногу потребни“, порачуваат од КК Гостивар.

Овој натпревар воедно ќе претставува и деби во дресот на гостиварци на плејмејкерот Марјан Младеновиќ, кој денеска потпиша договор со овој клуб по распадот на АВ Охрид.

 

Се вчитува...