Хусмани стрелец во триумфот на Домжале, асистенција на Ибраими

Македонскиот интернационалец Зени Хусмани го запиша својот втор гол сезонава во дресот на словенечкиот прволигаш Домжале.

Хусмани во 87. минута од средбата го постигна третиот гол за Домжале во триумфот од 3-0 против Горица во 21. коло од шампионатот на Словенија. Целиот натпревар за Домжале го одигра и Агим Ибраими кој беше асистент на вториот погодок на домашните.

Домжале со овој триумф ја продолжува битката за третото место на табелата кое води во квалификациите за Лигата на Европа следната сезона. Тимот на Хусмани и Ибраими со 40 бода во моментов е на третата позиција, со седум бода повеќе од Рудар кој има и натпревар помалку. На врвот, во трката за шампионската титула се Олимпија со 49 бода и Марибор со 48 бода.

Се вчитува...