Работнички без одговор за „артилеријата“ на Карпош соколи (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Работнички се обиде да изненади, но не успеа, па на Марин Докузовски и неговите избраници не им преостана ништо друго освен да му честитаат на противникот на заслужената победа и пласманот во финалето. „Црвено-белите“ имаат за што да жалат бидејќи водеа храбра битка, ги служеше и шутот, погодија и 12 тројки, но и тоа не беше доволно за да се замрсат сметките на фаворизираните соседи, кои згора на потоа погодија и четири тројки повеќе од Работнички.

Одбраната на Работнички вообичаено функционира беспрекорно, но Докузовски и неговите избраници вечерва немаа одговор за одличниот Мавра. А кога во ритам влегоа и Лабовиќ и Пери, надополнети со Бојан Трајковски, јасно е дека Карпош соколи имаше премногу „оружја“ за да стигне до зацртаната цел – пласман во големото финале.

[new_royalslider id=”506″]

Се вчитува...