И Барселона „попарена“ во ракометната ЛШ

Барселона и македонскиот репрезентативец Борко Ристовски нема да играат во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Елиминирани се од францускиот тим Монпелје, кој загуби на сладок начин на гостувањето во Шпанија со 30-28. На првиот меч во Франција, Монпелје славеше со 28-25 и тоа се покажа како клучно за пласманот меѓу осумте најдобри екипи во Лигата на шампионите.

Монпелје почна одлично, поведе со 3-7, но, сепак, Барселона направи пресврт и на полувреме замина со гол предност (15-14). На стартот од вториот дел, фуриозна игра на Барса, поведоа каталонските ракометари со 24-18 во 47.минута, а потоа како да помислија дека работата е завршена. Возврати жестоко Монпелје, со серија од 5-0 и влезе во финишот со психолошка предност. На крајот, Барселона обезбеди пирова победа, а Монпелје направи сензација и ќе игра во четвртфиналето на елитното европско клупско натпреварување.

Се вчитува...