И Беласица „украде“ талент на Вардар

Вардар остана без уште еден свој талент, 16-годишниот Бесар Гуџуфи кој потпиша за струмичка Беласица.

Гуџуфи, кој е член на македонската репрезентација до 17 години, изминатава есен настапуваше за младинскиот состав на вардарци, издвојувајќи се како најдобар стрелец на тимот. Но, сезонава имаше настап и за првиот тим на Вардар во 1/16-финалето од Купот на Македонија кога беше и стрелец во пенал-рулетот против Вардар Форино.

Се вчитува...