Аријан Адеми поради повреда отпадна за натпреварот против Романија на гости со кој македонската фудбалска репрезентација ќе ги отвори мундијалските квалификации за шампионатот во Катар во 2022 година.
Селекторот Игор Ангеловски најверојатно на одличниот играч за врска нема да може да смета ниту на мечот против Лихтенштајн во Скопје, а евентуално останува можноста да биде подготвен за дуелот против Германија на 31. март во Дуизбург.
Адеми повредата ја заработи пред мечот со Тотенхем во Лигата на Европа, но сепак херојски и под инекции успеа да им помогне на своите соиграчи во историскиот натпревар во кој хрватскиот шампион го елиминираше големиот Тотенхем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА