И Бојан Колевски си замина од Вардар

Вардар остана без уште еден стандарден првотимец за продолжението од сезоната во Првата македонска фудбалска лига. Од клубот си замина и младиот офанзивец Бојан Колевски.

Колевски од клубот заминува поради лични причини, одлучувајќи да продолжи со школувањето во САД.

20-годишниот Колевски, кој потекнува од фудбалската школа на Металург, досега во кариерата покрај за Вардар настапуваше и за велешки Борец.

Се вчитува...