Уште еден вардаров фудбалер, по Али Адем, кариерата ја продолжува во грчкиот шампионат. Како што пренесуваат дел од грчките медиуми, десниот бек Владица Брдаровски е пред промоција во дресот на новиот суперлигаш Аполон Смирнос.
Брдаровски беше пред реализација на трансфер и во кипарски Ермис, имаше понуда и од Партизани Тирана, но на крај се чини дека кариерата ќе ја продолжи во Грција.
20-годишниот Али Адем пред два дена, пак, официјално беше промовиран во дресот на солунски Арис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА