И Чиле се вклучува во латино-американската иницијатива за организација на СП 2030

Заедничка кандидатура за организација на Светското првенство 2030 најавија Аргентина, Чиле, Парагвај и Уругвај.

Аргентина, Парагвај и Уругвај уште минатата година објавија дека се заинтересирани за заедничка организација на СП, а сега им се приклучува и Чиле. Тоа го потврди чилеанскиот претседател Себастијан Пинера.

„Пред неколку месеци им предложив на Аргентина, Уругвај и Парагвај и ние да се вклучиме во организацијата и договорот сега веќе е постигнат“ – соопшти Пинера.

На СП 2030 треба да бидат одбележани 100 години од првото Светско првенство одржано во Уругвај. Па Јужноамериканците се надеваат дека токму и тоа ќе пресуди да ја добијат организацијата.

Заедничка кандидатура за организација на СП 2030 најавија и Мароко, Шпанија и Португалија, како и Србија, Грција, Бугарија и Романија.

Следното Светско првенство се одржува 2022 во Катар, а во 206 домаќини ќе бидат САД, Мексико и Канада.

Се вчитува...