И Даниел Миловановиќ следната сезона ќе игра во унгарски Залаегерцег

Даниел Миловановиќ му се придружи на Никола Серафимов во унгарскиот прволигаш Залаегерцег. И двајцата фудбалери заминаа во Унгарија од Академија Пандев каде играа минатата сезона.

Миловановиќ кариерата ја почна во Тиквеш од каде во 2015 премина во Академија Пандев. По две успешни години во струмичкиот тим се пресели во италијански Масесе, пред да се врати во Академија Пандев.

 

Се вчитува...