И Един Џеко позитивен на коронавирусот

И офанзивецот на Рома, Един Џеко е позитивен на коронавирусот.

Репрезентативецот на БиХ на својот Инстаграм профил објави дека е позитивен на денешните тестови на Ковид-19 поради што ќе ги пропушти следните натпревари на Рома и на селекцијата на БиХ.

„За жал, позитивен сум на коронавирусот и ќе мора да минам период во карантин. Немам никакви симптоми, но сум принуден наредниот период да бидам изолиран од соиграчите. Но, со нив ќе бидат со сето срце“ – порача Џеко.

 

Се вчитува...