И Фени Индустри почна со потписи

Сериозно се активираат речиси сите македонски прволигаши за составување на ростер во пресрет на новата сезона. Фени Индустри лани не успеа да влезе во Супер-лигата, но кавадарчани се надеваат дека под водство на Горан Самарџиев во новата сезона повторно ќе бидат дел од Топ 6 екипите на македонската кошаркарска сцена.

Потпис на договорот со Фени Индустри веќе стави Литванецот Повилас Гаидис, кој по кратка пауза се враќа назад во мак-баскетот. Крилниот центар играше солидно во првиот дел од сезоната во дресот на Блокотехна, но потоа го раскина договорот со клубот од Гевгелија. Се очекува тој да биде еден од главните адути на Фени во обидите за влез во Супер-лигата.

Никола Караколев исто така е на чекор до Кавадарци, откако искусниот кошаркар ги договорил условите за соработка со управата на Фени. Тој доаѓа од таборот на Кожув, решавајќи да не остане во гевгелискиот клуб.

Се вчитува...