Францускиот репрезентативец и кошаркар на Олимпијакос, Еван Фурние, го поддржа ставот на Американецот Брекстон Ки, и тој побара платите на играчите во Евролигата да бидат јавни.
Фурние кој играше и во НБА лигата, укажа на културолошката разлика помеѓу САД и Европа кога станува збор за транспарентноста во платите. Според него, во САД отворено се зборува за платите на кошаркарите, додека во Европа тоа засега сè уште се смета за приватна работа.
„Мислам дека голем дел од ова прашање е од културолошка природа. Американците се многу поотворени кога станува збор за платите, но и за парите воопшто, додека тоа во Европа традиционално се смета за нешто приватно. На пример, во Фрација сè уште е табу разговорот за платите. Поголема транспарентност би им овозможила на кошаркарите појасна слика за нивната вредност. Тешко е да знаеш колку вредиш кога не знаеш колку се „пазарот плаќа““, вели Фурние.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
