И „големите“ да му завидат: Хрватски третолигаш пред нова милионска заработка

Арсенал во зимскиот преоден рок во Лондон ќе го доведе хрватскиот младински репрезентативец Дино Клапија, пренесуваат медиумите во оваа поранешна југословенска држава. 16-годишникот настапува за третолигашот Кустошија и трансферот би требал да ги чини „топџиите“ шест милиони евра.

Клапија е роден во Соединетите американски држави, но има хрватско потекло и од неодмана настапува за младите репрезентации на „коцкестите“. Потекнува од младинската школа на Њујорк Сити, тим кој е во составот на Манчестер Сити Груп, а ова лето се пресели во хрватскиот нисколигаш со цел подобар напредок, потек кој и те како ќе му се исплати.

Напаѓачот привлече интерес и од Борусија Дортмунд и Лајпциг па со цел да се избегне трка со германските бундеслигаши, Арсенал е подготвен да ги прифати условите на Кустошија кои покрај сумата од шест милиони евра се и процент од неговиот следен трансфер.

Ова нема да биде прв трансфер од кој хрватскиот третолигаш добро ќе заработи. Изминатото лето од тимот замина и 18-годишниот стопер Микаил Фаје кој за пет милиони евра премина во Барселона.

Се вчитува...