И Горан Иванишевиќ позитивен на коронавирус

Тренерот на Новак Ѓоковиќ и најдобриот хрватски тенисер во историјата Горан Иванишевиќ е позитивен на Ковид-19. Иванишевиќ ова го потврди на својот инстаграм профил.

„За жал, по два негативни теста во последните 10 дена, третиот тест на Ковид-19 е позитивен. Се чувствуам добро и немам симптоми. Сакам да ги информирам сите кои беа во контакт со мене дека сум позитивен и поради тоа да внимаваат повеќе на себе и на луѓето во нивното опкружување. Мојата самоизолација ќе продолжи. На сите кои се заразени им посакувам брзо опоравување“, напиша Иванишевиќ. 

Покрај Новак Ѓоковиќ позитивни од „Адриа тур“ се и Григор Димиторв, Борна Чориќ и Виктор Троицки.

 

Се вчитува...