По Воска Спорт која реши да се повлече минатата недела од Првата македонска лига, истиот потег се одлучи да го направи и Гостивар.
Фудбалерите на Гостивар минатата недела го напуштија теренот при негатива од 2-1 против Работнички, по што добија драконски казни.
Гостиварци беа казнети со одземање на девет бодови, капитенот, претседателот и тренерот беа казнети со забрана од две години вршење на спортска дејност, а исто така Гостивар во следните 10 меча како домаќин требаше да ги игра надвор од својот стадион.
Поради сите овие причини Гостивар реши да се повлече од ПМФЛ. Во продолжение ви го пренесуваме целото соопштение на Гостивар:
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА