И Хапоел Хаифа во трка за Мирко Ивановски

Македонскиот офанзивец Мирко Ивановски е цел и на израелскиот прволигаш Хапоел Хаифа кој ова лето ќе се натпреварува и во квалификациите за Лигата на Европа.

Според информациите кои доаѓаат од Израел двете страни веќе се низ интензивни преговори, пред евентуален финален договор. Како што вели сопственикот на Хапоел Хаифа, Јоав Кац единствената пречка која засега го оддолжува договорот е должината на истиот.

„Не е тајна дека сме во завршни преговори за ангажман на Мирко Ивановски. Но, нашата определба е да добие едногодишен договор, а фудбалерот и неговиот застапник инсистираат на двегодишна соработка. Се надевам дека ќе најдеме заеднички јазик за ангажман на македонскиот фудбалер“ – вели Кац за израелски „Оне.Ил“.

Но, за услугите на Ивановски како што веќе пренесовме интерес постои и од руски Динамо Москва и од неколку клубови од Холандија.

Се вчитува...