И Харден му откажува на американскиот „дрим-тим“

Ѕвездата на Хјустон, Џејмс Харден, нема да биде дел од американската репрезентација на претстојното Светско кошаркарско првенство во Кина. Според пишувањата на медиумите во Тексас, тој сакал да се посвети на подготовките за што подобра сезона со клубот.

Харден е втората голема ѕвезда која му откажува на тимот на САД. Пред него од националниот состав се повлече и Ентони Дејвис.

Џејмс Харден со репрезентацијата на САД има златен медал од Олимписките игри во Лондон во 2012 година, како и титула од Светското првенство во 2014 година.

 

 

 

 

Се вчитува...