И Хрватска, Германија и Холандија си обезбедија пласман на ЕП 2020

Репрезентацијата на Хрватска обезбеди ново учество на Европско првенство откако во последниот свој натпревар во квалификациите од Групата Е славеше против Словачка со 3-1.

Хрватите имаа негатива по првото полувреме од 0-1, но со три гола на Влашиќ, Петковиќ и Перишиќ во вториот дел сосема заслужено стигнаа до победата која ги носи на ЕП 2020.

А, место на ЕП 2020 си обезбедија и Германија и Холандија од Групата Ц. Германците убедливо со 4-0 победија против Белорусија, а Холандија ремизираше без голови на гостувањето против Северна Ирска. Гинтер, Горецка и Корс во два наврати беа стрелци на головите за победата на Германија.

Се вчитува...