И Кликовац си најде клуб – се сели во Унгарија

ЖРК Вардар го визираше пласманот на Ф4 турнирот во Будимпешта, а во меѓувреме продолжува егзодусот на ракометарки, кои си бараат чаре по официјалната информација дека „црвено-црните“ ќе ги прекинат договорите со сите членови на овој дрим-тим.

Меѓу последните кои обезбедија трансфер е Андреа Кликовац, која својата кариера ќе ја продолжи во Унгарија, и тоа во тимот на Кишвард. Информацијата прв ја објави „handballme“, а според неа Кликовац ја избрала токму оваа понуда поради црногорскиот стратег Влатко Ѓоновиќ, на чие инсистирање овој трансфер се реализирал.

Само за потсетување, Цвијиќ, Лекиќ и Радичевиќ потпишаа за ЧСМ Букурешт, Лакрабер се враќа назад во Франција, Лејно ќе застане на голот на Ѓер, Андреа Пенезиќ и Хмирова се селат во Шиофок, додека Сара Ристовска кариерата ќе ја продолжи во Крим.

Се вчитува...