И Лазаров и Гонзалес останаа без финале во „Трофејот на шампионите“

Македонскиот капитен Кире Лазаров и селекторот на нашата репрезентација, Раул Гонзалес, не успеаја да се пласираат во финалето од „Трофејот на шампионите“, натпреварување со кое вообичаено се означува стартот на новата сезона на француската ракометна сцена.

Лазаров и Нант лани стигнаа до овој пехар, но сезонава во драматичен меч загубија на пенали од европскиот првак Монпелје. Македонскиот „бомбардер“ беше меѓу најдобрите поединци на теренот, но Монпелје се спаси во регуларниот дел од мечот, постигнувајќи гол од седум мeтри во самиот финиш за 29-29, за потоа во пенал-рулет да стигне до финалето. Кире Лазаров со шест гола беше најдобар стрелец на Нант на оваа средба.

Раул Гонзалес и ПСЖ беа шокирани на дуелот со Сент Рафаел, пресметка на која „светците“ не успеаја да ја оправдаат фаворитската улога. Францускиот шампион имаше водство од 25-22, но во последните осум минути избраниците на Гонзалес не постигнаа ниту еден погодок, па Сент Рафаел на крајот стигна до минимална победа од 25-26.

Се вчитува...