И легендарниот Џордан не може да остане рамнодушен на Дончиќ

Лука Дончиќ дефинитивно ќе биде еден од кошаркарите кој ќе ја одбележи следната деценија во НБА лигата. Пофалби за фантастичниот Словенец пристигнуваат од сите страни, а еден од тие што го фалат е и најдобриот на сите времиња, легендарниот Мајкл Џордан.

„Лука е феноменален кошаркар и ќе биде навистина неверојатно искуство да се следи неговиот развој во НБА“, изјави Џордан. 

Дончиќ синоќа се врати на паркетот по повредата на скочниот зглоб и веднаш беше најдобар поединец на Далас во победата над Сан Антонио во дербито на Тексас.

Се вчитува...