И мајка му на Кире Лазаров во Битола остана пред сала!

Битола долго чекаше повторно да ја види на дело македонската репрезентација, но овој пат организаторите потфрлија во проценките и околу 500 луѓе останаа пред салата „Боро Чурлевски“ со купени билети. Меѓу нив и мајката на Кире и Филип Лазарови која од Свети Николе допатува во Битола да ја бодри македонската репрезентација и своите синови, но остана надвор.

„Се извинуваме на сите што останаа надвор. Салата веќе беше преполна и вратите мораа да се затворат од безбедносни причини…Сите оние кои имаа билети , а не влегоа , нека ги чуваат и парите ќе им бидат рефундирани“ – изјавија битолските организатори на натпреварот.

Се вчитува...