И Македонија ЃП е против доигрување без испаѓање, ФФМ утре ќе ја соопшти одлуката

По ФК Силекс од каде се изјаснија дека не се за доигрување на сезоната преку плеј-оф и плеј-аут по кој ќе нема испаѓање, и од таборот на Македонија ЃП со став дека е нелогично продолжување на натпреварувањето, одигрување шест натпревар преку плеј-аут а да нема испаѓање од лигата.

„Не, за фудбал без испаѓање. Нема никаква логика да продолжи натпреварувањето и преку плеј-аут, а притоа да нема испаѓање. Зошто тогаш да се игра?“ – е ставот на Македонија ЃП.

ФФМ, како што е познато, по двата состаноци со претставниците на прволигашите даде три предлози околу судбината на сезоната 2019/2020.

Според нашите информации мнозинството прволигаши се изјасниле за вториот предлог: Првата лига да биде завршена со одигрување на четирите преостанати кола од третиот круг, а потоа преминување кон плеј-оф (првите шест екипи по завршување на третиот круг). Првопласираните три екипи по крајот од плеј-офот се стекнуваат со право на учество во УЕФА европските натпреварувања. Согласно планираното, ќе се игра и плеј-аут (последно пласираните четири екипи по завршување на третиот круг) но без испаѓање на последните две екипи по крајот од плеј-аут фазата.

Фудбалската федерација на Македонија се очекува во текот на утрешниот ден да ја донесе конечната одлука, но и одлуката околу изгледот и форматот на Првата лига за следната 2020/2021 сезона. Размислувањата се дали следната сезона лигата да брои 12 или 14 екипи. Јасно е дека, доколку се изгласа лига од 12 екипи, единствени оштетени ќе бидат Брегалница и Скопје кои согласно актуелните пропозиции имаат загарантиран бараж за прволигашка промоција. Во случај на одлука за проширување на лигата на 12 екипи, а притоа без испаѓање сезонава, тогаш тие би го загубиле тоа право.

Се вчитува...