И Мицевски заминува од Вардар: Пред преселба во Борац Бања Лука!?

Вардар би можел да остане без уште еден стандарден првотимец од минатогодишниот шампионски тим, фудбалерот од средниот ред Дарко Мицевски.

Како што пренесуваат босанските медиуми, Мицевски е пред официјален договор со прволигашот од БиХ, Борац Бања Лука. Интерес и преговори постојат а останува уште наредниве денови да бидат прецизирани деталите.

Дарко Мицевски е еден од клучните вардарови фудбалери, кој претходно во кариерата, меѓу останатите клубови, има настапи и за Работнички на домашната сцена, како и ОФК Београд, Минск…

Се вчитува...