И натаму нема добри вести за „кам-бекот“ на Лука Дончиќ

Лука Дончиќ ќе го пропушти и првиот натпревар од второто коло од плејофот против Оклахома Сити Тандер, потврдија Лос Анџелес Лејкерс. Дончиќ останува надвор од терените поради истегнување на тетивата, повреда поради која ги пропушти последните шест натпревари од регуларната сезона и целата серија од првото коло против Хјустон Рокетс.

Неговиот настап во остатокот од серијата против Тандер е сè уште неизвесен, но фактот дека неговото отсуство беше потврдено еден ден претходно не влева оптимизам за брзо враќање на теренот. Новинарот на ESPN и НБА инсајдер, Шамс Чаранија, во неделата објави дека закрепнувањето на Дончиќ е „бавно“ и дека кошаркарот сè уште не се вратил на целосен контактен тренинг.

Според неговиот извештај, статусот на словенечкиот ас сè уште се проценува на неделна основа. Тренерот на Лејкерси, Џеј Џеј Редик, исто така немаше нови информации во неделата:

„Немам вести за Лука“, рече тој кратко.

Лејкерси ќе влезат во првиот натпревар, и веројатно подолг, без својата ѕвезда, која беше водечки стрелец во лигата оваа сезона со просек од 33,5 поени по натпревар, на кои додаде 8,3 асистенции, 7,7 скока и 1,6 украдени топки.

Се вчитува...