И Несторовски и Стојановски позитивни на Ковид-19

По Стефан Ристовски, уште двајца македонски репрезентативци кои беа дел од последниот репрезентативен натпревар против Ерменија на Кипар, се позитивни на коронавирусот, Илија Несторовски и Влатко Стојановски.

Несторовски, поради позитивен тест на Ковид-19, како што информираат Италијанците беше надвор од тимот на Удинезе и на претходниот натпревар во Серија А, а Стојановски веќе е во изолација по пристигнувањето во Франција и позитивниот тест реализиран од страна на францускиот второлигаш Шамбли каде игра како позајмен фудбалер од Ним.

Се вчитува...