И Ник Калатес нема да игра на Мундобаскет

Искусниот плејмејкер Ник Калатес ја известил Кошаркарската федерација на Грција дека нема да биде достапен за претстојното Светско првенство.

Како што јавуваат грчките медиуми, тоа е уште еден огромен проблем со кој треба да се справи тренерот Димитрис Итудис бидејќи Калатес го известил дека нема намера да оди на Мундобаскет.

По Костас Слукас и Тајлер Дорси, селекторот на Грција ќе мора да бара начин како да ја пополни празнината во тимот.

Дополнително, се уште не е потврдено каква е ситуацијата со Јанис Адетокумбо и дали ќе може да биде во составот за Светското првенство.

Грција на Мундијалот ќе игра во групата Ц заедно со САД, Јордан и Нов Зеланд.

Се вчитува...