И новата гарнитура на ФИФА во проблеми со корупција

Судија од Етичкиот комитет на ФИФА е осомничен за корупција и бил задржан во притвор во Малезија. Поради дипломатскиот статус бил ослободен, но си поднел оставка од сите функции во судскиот систем во државата. ФИФА засега не коментира за случајот.

Сундра Раџо е меѓу новите членови на Етичкиот комитет кои беа именувани по доаѓањето на Џани Инфантино и по големиот корупциски скандал во организацијата. Како член на етичкиот комитет Раџо има изречено неколку доживотни забрани за поранешни функционери на ФИФА токму поради корупција и примање мито.

 

Се вчитува...