Лидс Јунајтед одигра нерешено 0-0 против Манчестер Јунајтед во 33. коло во англиската Премиер-лига. Новинарот на хрватскиот Спортклуб Невен Цвијановиќ кој е редовен на натпреварите во Премиер-лигата по мечот со јунајтед му се обрати на Алиоски со зборовите „Џани одиме по македонски“.
Околу натпреварот Алиоски смета дека Лидс бил оштетен и требал да добие пенал, но сепак е задоволен што успеаја да освојат бод со Јунајтед.
„Добар резултат за нас затоа што игравме со трите најдобри во Премиер лигата во послендите три кола. Одигравме добар фудбал, фајтерски, се боревме. Не знам точно дали таа рака во првото полувреме беше пенал, но ако беше за Манчестер сигурно ќе беше пенал. Имавме и други шанси, игравме добар фудбал, а Манчестер немаше многу шанси, освен од прекин. Го контролиравме мечот и сега ќе биде потешко против останатите тимови, затоа што не играат фудбал како посилните. До крај може се да се случи. Ние ќе играме, ќе гледаме меч за меч, па што ќе биде ќе видиме“, вели Алиоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА