И „Пандевци“ знаеле да губат: Скопје триумфираше на дербито

Академија Пандев го доживеа и вториот пораз сезонава во второлигашката конкуренција, откако во дербито на 17. коло загуби на гостувањето од Скопје со 3-2 (2-1).

По десет едноподруго натпревари на кои триумфираа, „академците“ загубија во дербито во натпревар во кој Скопје поведе со 2-0 со головите на Каракамишев и Новески во 8. и во 25. минута.

Во 33. минута, Јани Атанасов намали на 2-1, за да Зоран Балдовалиев во 60. минута израмни на 2-2. Но триумфот на скопјани го донесе Дарио Десниќ во 70. минута.

Академија Пандев, без разлика на овој пораз, останува убедливо на врвот од табелата со 43 бода, додека Скопје е на втората позиција сега со 33 бода.

 

Се вчитува...