И Павлов без медал од Европските игри во Минск

И последната македонска надеж за медал од Европските игри во Минск, каратистот Емил Павлов не успеа да донесе радост за Македонија.

Павлов, во категоријата дом 60 килограми, заврши како трет во Б групата од квалификациите и остана без шанса да се бори за медал на ова натпреварување.

Македонскиот каратист во групата запиша една победа и две ремија, што беше малку за да стигне до полуфиналето и можност за борба за одликување. Во првото коло Павлов ремизираше (0-0) против Кресченцо од Италија, потоа повторно заврши со реми (3-3) и против Азербејџанецот Ферзалиев, но поради прв освоен поен победата му припадна на Азербејџанецот. Во последното коло нашиот каратист славеше со 5-0 против Булатав од Белорусија, но тоа не беше доволно да биде меѓу првите двајца во групата, кои продолжуваат во полуфиналето.

Се вчитува...