И покрај доаѓањето на Онана, Хандановиќ може да го продолжи договорот со Интер

Ветеранот меѓу диреците на Интер, Самир Хандановиќ би можел да стави потпис на нов едногодишен договор со тимот. Хандановиќ чиј договор истекува до 2022 година, најави пензионирање, затоа Интер го ангажираше Андре Онана, голманот на Ајакс за следната сезона.

Сепак, Онана имаше пауза поради допинг, а нејасно е како ќе се снајде во новата средина, па Интер не сака ништо да ризикува. Затоа ќе му понуди на ветеранот нов договор.

Оваа сезона Хандановиќ и со 37 години е одличен на голот на Интер. Едниот натпревар кој не го бранеше, скапо го чинеше Интер. Раду бранеше со Болоња и направи катастрофална грешка, по што Интер може дури да остане и без Скудетото.

Ханвановиќ е дел од Интер цели 10 години, откако дојде во Удинезе. Во меѓувреме стана и капитен на екипата.

Се вчитува...